Категории

Нова наградна игра на ЕВН Македонија

ЕВН повторно одлучи да ја демонстрира својата посветеност и одговорност кон лојалните корисници, насочувајќи ги своите ресурси во Наградна игра со која ќе ги препознае, поттикне, мотивира и награди своите корисници, ќе промовира позитивни промени и унапредување на добрите практики и активности во однос на домот и заштедата на енергија.

Ова е првата наградна игра организирана на територија на Македонија во која учествуваат и оние кои не се пријавиле, ниту купиле нешто како услов за учество, туку едноставно сите регистрирани корисници од базата на ЕВН, што ги ажурирале своите податоци, можат да бидат избрани по случаен избор преку електронски пат со компјутерска селекција и да станат добитници на вредни награди. „Награди за штедлив дом” е наградна игра чие извлекување ќе се врши во емисијата „На гости кај“ која се емитува секој понеделник во 20.15 на МТВ

Сите корисници на ЕВН со ажурирани податоци во базата на корисници автоматски учествуваат во ова наградување, а оние кои не ги ажурирале, тоа може да го направат на повеќе начини; со пополнување на формулар за ажурирање на личните податоци достапен во кој било наплатен пункт или КЕЦ (Кориснички енерго-центар) на ЕВН Македонија или со пополнување на формуларот кој ќе го добијат со фактурата за електрична енергија од ЕВН.

Во наградната игра „Награди за штедлив дом” право на учество имаат потрошувачи од категоријата Домаќинства и Мали бизнис корисници, кои имаат доставено лични податоци, т.е. име и презиме, адреса и матичен број до ЕВН Македонија.

Сите корисници имаат можност да добијат вредносен ваучер од 100.000 или 30.000 денари од Нептун Македонија, наменет за купување на апарати за домаќинство или сет за енергетска ефикасност во вредност од 1.923 денари, составен од мерач за електрична енергија, тајмер и метеоролошка станица. Во секое коло ќе бидат извлечени по 24 награди и тоа 12 кола по ред.

Емисијата „На гости кај“ освен што ќе наградува и ќе ги инспирира гледачите на позитивни практики за менаџирање на домот, преку разговори со лица од јавниот живот, гостувајќи во нивните станови, студија, апартмани, дворови, куќи и атељеа кои им овозможуваат мир, спокој и некаква надокнада за она што го живеат како професионалци.

Извлекувањето на наградите е без влијание на човечки фактор, но затоа врз емисијата со своето присуство како водител и домаќин ќе влијае Зорица Црношија.

За повеќе податоци околу наградната игра, емисијата и најлесниот пат за ажурирање на податоците на следниот линк  www.evn.mk

Прегледи:
500
Објавено на:
01.04.2016