Категории

Нова промена на „Фејсбук“- повеќето корисници револтирани

Корисниците на најголемата социјална мрежа во светот се повторно револтирани од промените на страницата. Од вчера на „Фејсбук“ е достапна оцијата „Stories“ во Ирска, а во следниот период ќе стане достапна и во другите земји. Оваа опција овозможува споделување на фотографии и видеа кои исчезнуваат по 24 часа.

Она што ги лути корисниците е што овој концепт е украден од популарната мрежа „Снепчет“, а неодамна го воведе и „Инстаграм“.

Кога ќе направите Facebook Story на вашата профилна фотографија ќе се појави кругче за вашите пријатели да не ја пропуштат објавата.

– „Фејсбук“ одамна е местото на кое луѓето споделуваат информации со пријателите и блиските, но начинот на споделување на тие информации значително се менува. Начинот што денеска луѓето го преферираат многу се разликува од она како споделувавме информации пред пет или дури пред две години. Денес тоа е визуелно и подразбира повеќе фотографии и видеа од порано. Сакаме на нашите корисници да им овозможиме брз и забавен начин на споделување на фотографии кога и да посакаат – велат од „Фејсбук“.

Големиот успех на Instagram Stories очигледно ги натера водечките луѓе на „Фејсбук“ да ја имплемнтираат и во својата мрежа.

Прегледи:
255
Објавено на:
28.01.2017