Нова реклама за Samsung Galaxy која го исмева iPhone (ВИДЕО)

Samsung го објави новото видео на својот Youtube канал под името “Samsung Galaxy: Growing Up”, во кое го следи животот на едно момче кое цели десет години користи “iPhone”, а на крајот се одлучува да купи “Samsung”.

Видеото започнува со песната I’m Moving On” од Chyvonne Scott, на кое е претставен првиот “iPhone” од 2007 година. Главниот лик на оваа приказна има голем проблем со неговиот “iPhone”. Во еден момент, “телефонот му паѓа во вода, поради што го стави во ориз за да се исуши, додека неговата девојка продолжува го користи нејзиниот телефон “Samsung”.

Момчето на крајот се одлучува да купи “Samsung Galaxy”, па така, брзо помине по редиците каде многу луѓе чекаат да купат новиот “iPhone X”.




Коментари

коментари