Категории

Нова шокантна теорија: Легендарниот Елвис е жив и се појавил во филмот „Сам дома“ (видео)

Со доаѓањето на католичкиот Божиќ, се појавија и нови теории на заговор во врска со култниот филм „Сам дома“, кој деновиве се прикажува на малите екрани ширум светот.  Иако сигурно сте го погледнале неколку пати, постојат бројни обожаватели на теории на заговор кои секогаш забележуваат нешто ново и интересно.

Така и оваа година беше покрената расправија за еден интересен кадар. Во моментот кога Кејт Мекалистер, мајката на главната ѕвезда на филмот Кевин Мекалистер, а која ја глуми Кетрин О’ Хара (тука погледнете како денес изгледа оваа 62 годишна актерка), се обидува да купи авионски билет за да му се врати на оставениот син во Чикаго, зад Кејт гледаме маж со брада како стои во редица и покажува нетрпеливост поради тоа што мора да чека.

Тој маж е ,како што сметаат некои,кралот на рокенролот, Елвис Присли, кој почина 13 години пред излегувањето на тој филм.

Ах, ништо послатко од теорија на заговор во врска со Елвис…но рака на срце, човекот навистина личи, нема што.

Прегледи:
252
Објавено на:
26.12.2016