Новата сезона на “House of Cards” без Кевин Спејси

Netflix ја потврди веста дека наредната година ќе ја снима последната шеста сезона од серијата “House of Cards”, но без досегашниот главен лик на Кевин Спејси.

Тој беше на удар на обвиненија за непримерно сексуално однесување. Поради тоа, продукциските куќи ја прекинаа соработката со него.

Со снимање на последната сезона ќе започнат во 2018 година, но без Спејси.

Серијата ја прати кариерата на американскиот политичар Френк Андервуд, кој го толкуваше Спејси, и неговата сопруга Клер, која ја толкуваше Робин Врајт. Токму нејзиниот лик ќе ја има главната улога во наредниот серијал, со оглед на тоа дека во петата сезона стана претседател на Америка.

.




Коментари

коментари