Категории

Новата вила на мајката Кардашијан

Сигурно знаете која е Крис Џенер, кралица на семејството Кардашијан и според нејзиниот изглед, таа е вистинска бизнис жена…

Искористувајќи ги своите вештини, мајката Кардашијан го прошири своето портфолио на недвижнини со уште еден луксузен простор. Таа си купи една луксузна вила со четири соби за спиење и четири луксузни купатила, во Калабасас, кој се смета како главен град на оваа територија. За својата нова вила, таа потрошила 2.285 милиони долари и тоа не е единственото нешто кое таа го купи овие денови.

Во декември ,минатата  година, таа купи софистициран и луксузен стан со две спални соби и четири купатила во Лос Анџелес. Ако случајно го  гледате шоуто Кардашијан, таа го купила тој стан бидејќи Ким и нејзиниот сопруг Канје, сеуште не завршиле со реновирањето  на својата куќа. Потоа , ким го роди својот син, Сеинт Веста, што уште повеќе ја одложи нивната селидба од станот.

Се наоѓа во внатрешноста на престижниот дел Oaks на Calabasas, ( каде што Кортни, Кајли и Клои поседувале домови) . Вилата која ја купила Крис, изнесува 600м2 , полна е со природна светлина и изградена е во 2005 година. Четирите големи соби овозможуваат доволно простор за нејзините четири внуци, додека елегантната и официјална дневна соба со каминот, креира атмосфера за било која специјална прилика.Пространата куќна канцеларија се отвара се отвара и кон неа се спојува кујната со големиот шанк и декорирана со посебни елементи и апаратите во кујната се од челик кој не рѓосува.

На големата трпезариска маса има поставено знаме, двојно поголемо од истата и француска врата која се отвора кон задниот дел од градината. Исто така, како дел од имотот има базен , спа, , кујна во надворешниот дел и простор за камперски оган.

Инаку, главниот дом на Крис Џенер се наоѓа во Hiden Hils. Истиот Крис го има купено во 2010 година по цена од 4 милиони евра. Една од последните недвижнини кои таа ги има купено е нејзиниот стан во Вествуд, покрај станот кој го има купено во Вишир за 1.3 милиони долари. Во суштина, Крис каде и да оди , не мора да размислува за изнајмување на хотелска соба. ( иако и тоа за неа не претставува проблем).

Прегледи:
746
Објавено на:
02.03.2016