Категории

Новиот дизајн на Тоблероне не е тоа што очекувате

Нема некој што барем не ги пробал овие превкусни триаголници што не’ потсетуваат на убавите и слатки моменти од детството.

Затоа и разбирливо е незадоволството од новиот дизајн на чоколадата Тоблероне кој фирмата што го произведува, “Mondelez International”, го претстави заедно со официјалната изјава за причините за оваа промена.

“Одлучивме да го прошириме просторот помеѓу триаголниците, со што ќе се намали тежината на 400-грамските и 170-грамските Тоблероне чоколади. Остануваме верни на нашите вредности како најквалитетна швајварска чоколада, но трошоците за состојките се зголемени па мораме да го преземеме овој чекор”, стоеше во изјавата.

t2

Но, клиентите не се многу среќни поради оваа промена: “Глупаво изгледа. Можеа само да ја скратат должината и да ги задржат слатките триаголници”, вели еден клиент. “Не изгледаат естетски привлечни. Не знам како сега сакаат да го сметаме Тоблероне за премиум продукт”, вели друг.

t3

Ги разбираме финанскиските предизвици со кои се соочува Тоблероне, но се согласуваме дека си го сакаме стариот дизајн! :)

Прегледи:
611
Објавено на:
10.11.2016