Категории

Новите патики на Dolce&Gabbana предизвикаа лавина критики и контроверзии

Модната куќа Dolce&Gabbana позната по своите вообичаени контроверзии, овие дена го претстави својот најнов модел на патики кој предизвика лавина од критики и остри коментари на друштвените мрежи. Патиките од колекцијата за есен 2017 украсени со светки, циркони и пораки кои изгледаат како пишувани со маркер беа мета на бурни реакции на фановите поради натписите кои гласеа „Јас сум слаба и прекрасна“.

Сликата која беше споделена на официјалниот профил на брендот на социјалната мрежа Instagram беше нападната со бројни коментари како „Не мислите ли дека е малку неодговорно тоа што сте напишале дека поим за убавина е слабото тело? Се надевам дека во колекцијата ќе има и такви модели на кои ќе бидат испишани пораки и за останатите тела“..
Голем број од фановите изјавија дека се доста разчарани од брендот поради ваквите предрасуди кои ги создава кај своите купувачи. Распалувајќи го огнот уште повеќе, Габана возврати со исто толку жестоки коментари како „Дали мислите дека е подобро да бидете масни и полни со хамбургери? Глупо.“ „Драга, дали би сакала во себе да ги имаш сите тие штетни масти и холестерол? Мислам дека имаш проблем.“

Освен дизајнерот, модната куќа сеуште не се огласи по повод острите критики упатени кон новите патики, дали овие бурни реакции ќе предизвикаат повлекување на колекцијата, сеуште останува мистерија..

https://www.instagram.com/p/BTQUptTlZZe/

Прегледи:
244
Објавено на:
28.04.2017