Новите Самсунг телевизори претставени во парискиот Лувр

Париз, 15. Март 2017 – Самсунг (Samsung) ги претстави новите детали во врска со својата палета премиум QLED и “The Frame” телевизори на настанот организиран по повод премиерата на овие уреди во Париз. Новата QLED линија ја потврдува лидерската позиција на Самсунг во индустријата со телевизори, со која се диктира иднината и се дефинира напредната, врвна технологија.

Самсунг го одбра Париз, градот на светлината, како место каде ќе ги претстави своите “телевизори на светлината“, QLED TV  наречени на овој начин заради своето оптимално осветлување и визуелно доживување. Премиерата се одржа во музејот “Лувр“, за да се нагласи фокусираноста на Самсунг на новиот „lifestyle“ концепт на телевизори кои претставуваат две уметнички дела, Samsung QLED TV и „The Frame“.

Ние во Самсунг целиме кон тоа да им обезбедиме на корисниците најнапредна достапна технологија, за да овозможиме доживување на визуелните содржини без пречки, како и врвен дизајн кој се вклопува во нивниот секојдневен живот. Со својот модерен дизајн, паметните функции и квалитетот на слика, нашата палета на уреди за 2017 година воведува нова ера во телевизијата.“ – изјави ХС Ким (HS Kim), Претседател на Дивизијата за Екрани во компанијата Самсунг.

The Frame: Нов начин на гледање на телевизија

 

Самсунг повторно се здружи со Иво Бехар (Ivo Behar), познат дизајнер од Швајцарија, како ви им понудил на корисниците елегантно ремек дело кое во целост се вклопува во ентериерот на било кој дом. Најавен на саемот CES 2017, “The Frame” е нов пристап кој гледањето на видео содржини во било која просторија или опкружување го подигнува на едно ново ниво.

Со користење на иновативна технологија, „The Frame“ изгледа како рамка за слика која виси на ѕидот кога е вклучен “уметничкиот“ програм на работа “Art Mode”. Наместо да се изгаси и да стане црн, како конвенционалните ТВ уреди, екранот на овој ТВ уред се трансформира во уметничко дело, специјално дизајнирано за овој уред. Со повеќе од 100 понудени уметнички дела во повеќе категории, вклучувајќи пејсажи, архитектура, дивина, акција, цртежи, сигурно е дека ќе се пронајде нешто за сечиј вкус и желба. Заедно со големиот број опции за презентација на уметничките дела, од одбирање на боја и рамка, и опционалното Стидио постолје, овој уред навистина го оплеменува животниот простор на корисници. Покрај тоа, „The Frame“ е опремен со нов кабел за невидливо поврзување и ново постолје кое во целост се прилепува до ѕидот. На овој начин на корисниците им е овозможено телевизорот да го закачат било каде, без нередот од кабли и жици.

Најновите QLED телевизори се дизајнирани да одговорат на потребите на корисниците и се насочени кон решавање на три главни забелешки кои најчесто се слушаат од корисниците кога се во прашање телевизорите и тоа преку решенија наречени Q Style, Q Smart и Q Picture.

Q Picture: Совршена комбинација на светлост и боја

Новиот QLED TV ја подигнува технологијата на квантни точки на следното ниво, со својот напредок во ефикасноста и стабилноста на осветлувањето, како и збогатениот спектар на бои. QLED TV има одговор на сите главни предизвици во врска со квалитетот на сликата, како што се аголот на гледање, опсегот на боја, осветленост и јасен контраст. QLED TV може точно да ја прикажат бојата и да постигнат 100% покритие на спектарот на бои, што е највисоко ниво моментално достапно на пазарот, со кое ја заслужи акредитацијата од страна на Verband Deutscher Elektrotechnieker (VD), едно од најголемите техничко-научни здруженија во Европа.

Покрај тоа, длабоките, луксузни црни тонови на QLED телевизорот и неговиот изразен контраст обезбедуваат доследно искуство на уживање во визуелните содржини без оглед на нивото на осветленоста на просторијата. Со QLED TV уредите, HDR 1.500 им овозможува на корисниците да ги видат сите сокриени детали, токму онака како што креаторите на содржината и предвиделе, без губење и дисторзија на боите.

 

Q Smart: Напредно уживање во забавните содржини во домот

Samsung Smart Hub е проширен и сега нуди уште поинтуитивно и сеопфатно искуство, директно од QLED TV уредите. Напредниот Samsung One далечински управувач сега поддржува уште поголем број на уреди и овозможува управување преку гласовни команди за сите Smart TV функции. Кога ќе го поврзете со најновата Smart View апликација за паметни прегледи, која е достапна за Android или iOS мобилните уреди, корисниците ќе уживаат во својот персонализиран Smart Hub.

Покрај тоа, сервисот TV Plus нуди наједноставен и најбрз начин да се пронајдат, купат и гледаат најновите 4К филмови и други забавни содржини. Новиот музички сервис Music исто така овозможува едноставно пребарување и идентификација на песните кои корисникот ги слушнал во позадина на телевизиските програми и филмови.

Q Style: Дизајниран за да се вклопи во сечиј животен стил

Оваа година Самсунг ги претстави новите елементи на дизајнот кој може да се вклопи во секој дом, без оглед на стилот на уредување на ентериерот или распоредот на просториите и мебелот.

Сосем новиот кабел за невидливо поврзување – „Invisible Connection“ – помага од видното поле да се отстранат каблите и нередот преку префинетиот систем со само еден кабел. Корисниците сега можат сами да го дизајнираат својот простор со помош на единствениот оптички кабел кој ги обединува сите уреди.

Самсунг исто така го претстави и постолјето за телевисор кое во целост се прилепува на ѕидот и се поставува за 15 минути – “No Gap Wall-mount. За оние кои не сакаат да го постават телевизорот на ѕид, достапна е цела палета на елегантни постолја за Самсунг телевизори. Дизајнирано во облик на штафелај, “Studio“ постолјето е идеален додаток за секој животен простор инспириран од уметноста, додека пак гравитациското постолје “Gravity Stand” може лесно да се движи, за оптимално уживање во содржината од било кој агол.




Коментари

коментари