Ново РУБИ чоколадо, со неодоливо природна розева боја

Сите љубители на чоколадо знаат, тоа е: темно, млечно и бело. Сега замислете, постои и розево.

Ова славно трио владее на сцената недопрено веќе 80 години, од појавувањето на белото чоколадо, а швајцарската компанија Barry Callebaut  неодамна на пазарод извади нов четврт вкус – руби, природно розево чоколадо.

Розевото чоколадо се прави од Руби какао зрна, семе кое го има во Еквадор, Бразил и Брегот на Слоновата Коска, а бидејќи ова семе веќе се знае дека има интензивен вкус и карактеристична црвенкаста боја, со сигурност се знае дека бојата на ова чоколадо е природна. Истражувачите во тимот на Barry Callebaut и Jacobs University

во Германија, со години работеле на процесот на создавање на ова чоколадо. Резултатот е Руби – со уникатни подтонови на шумско овошје и извонредна мазност.




Коментари

коментари