Објавен е новиот трејлер за “Peter Rabbit”

Sony Pictures го објави новиот трејлер за долго најавениот филм “Peter Rabbit”.

Џејмс Корден ќе го позајми гласот на каризматичниот каскадер, чиј живот зависи од Мекгрегор (Домхнал Глесон), кој само сака да ги убие зајаците Петер и неговите пријатели.

Работите се комплицираат со оглед на тоа дека Мекгрегор е заљубен во личноста која сака зајаци (Роуз Бирн). Војната помеѓу зајаците и Мекгрегор трае се додека тој се преправа дека ги сака животните.

Филмот е во режија на Вил Глук. Во филмот ќе глумат Сем Неил, Даизи Ридли, Елизабет Дебицки и Маргот Роби. “Peter Rabbit” ќе биде прикажан на големите екрани на 9 февруари 2018 година.




Коментари

коментари