Од 10 000 пријавени, оваа е фотографијата на годината за 2014

Фотографијата на која една жена гледа во својот смартфон ја доби “Гранд” наградата на годишниот натпревар на “National Geographic” за најдобра фотографија. Нејзин автор е Брајан Џен од Хонг Конг.

– Додека ја гледам фотографијата, од една страна ја гледам слободата што ни ја дава технологијата. Од друга страна, гледам луѓе кои не се ни обидуваат да бидат пријателски настроени едни кон други, како што тоа некогаш било. Фотографијата тоа добро го отсликува, а исто така и јас се чувствувам виновен затоа што сум станат ист како и другите. Во средината на возот, и јас какко и неа, се изгубив во својот свет, изјавил Џен.

Фотографијата била направена во петте минути додека Брајан Џен патувал со воз до “Океан” Парк во Хонг Конг, а придушеното светло во возот овозможло да има ваков ефект.

Авторот на победничкото дело додал дека технологијата во последните 10 години го променила светот и им овозможила на луѓето да избегаат во својот интимен, изолиран свет кога и да пронајдат неколку минути за бегство.

Брајан Џен за оваа фотографија е награден со 10.000 долари и посета на седиштето на “National Geographic”, која тој ќе одржи семинар. На натпреварот конкурирале вкупно 9.289 фотографии од 150 земји.




Коментари

коментари