Чек дис аут
Search


Од среда повторно „Гараж сејл“ во Рамстор: „Правиме чистка, вадиме сѐ надвор“

рамстор

Концептот „Гараж сејл“, кој минатата година предизвика вистинско шопинг лудило во Рамстор, оваа година ќе се реализира повторно и тоа од среда, 20.08 и ќе трае сѐ до 27.08.2014.

Доколку ги обожувате брендираните парчиња, оваа недела ќе можете да ги купите во Рамстор до дури 85% намалување. Покрај попустите во продавниците, намаление ќе има и во маркетот каде ќе можете да најдете разновидни производи по исклучително ниски цени.

За атмосферата ќе се погрижат и Eye Cue, кои ќе настапат во среда во 18 часот, а на 22.08 ќе можете да уживате во музиката на Марко Logout кој ќе настапува од 18 часот.




Коментари

коментари