Од стара камп приколка создала креативно и убаво катче за уживање

Не треба многу за да создадете нешто навистина убаво, треба малку пари, желба и идеи, а секако работа.  Ellie Yeater е 14 годишно девојче кое го направи најдобриот DIY проект досега.

Таа слободното време од летниот одмор го поминала реновирајќи го стариот кампер од 1974 година. Со пари собрани од родендени и од мали хонорари, девојчето успеало со сопствен буџет да ја оствари својата замисла.

Потрошила 200 долари за да го купи стариот кампер, набавила материјали за работа како боја, материјал, декорации, а помош добила и од татко и кој набавил дрво и останати материјали.

Вложувањето било само почеток, следела напорна работа.

Семејството има голем имот од 60 акри. нејзиниот брат имал веќе направено свој интимен простор, па оттаму таа ја добила идејата за овој кампер.

 

Помош имала од целото семејство, дедо и помогнал со теписаријата и бојадисувањето. Со пастелни нијанси на розево и сино, таа му дала на просторот убав и уникатен изглед. Стратешки ја поставила кабината блиску до куќата, нормално за да има WiFi сигнал.

До приколката направиле симпатична патека, а просторот кој го создала со помош на нејзиното смејство е навистина уникатен и е одличен за дружби со нејзините другарки.




Коментари

коментари