Категории

Одлично решение за гушкање со партнерот во кревет

Гушкањето со партнерот во кревет е навистина прекрасно. Но, истовремено, знае да биде и непријатно, особено кога некој од нив ќе заспие на рамото на другиот. За, таа цел, дизајнерот Мехди Мојтавиви го направил душекот за гушкање.

Љубовниот душек е направен од неверојатно мека и мемориска пена. Но, што го прави уникатен?

 

Душекот е направен од траки од мемориска пена помеѓу кои има место да ви пропадне раката, па така можете да го гушкате партнерот, без вас да ви пречи неговата тежина, ниту вие да го притискате и бодете.

За жал, овој душек  се уште го нема на пазарот, но Меди постојано е во потрага по инвеститор кој ќе му помогне овој душек наскоро да се најде во домовите на вљубените парови.

 

 

Прегледи:
858
Објавено на:
11.01.2018