Опасно блиски

e964ce454fd5bff97e0b8b2531fa2c2f

Една населба, една клупа и едно сонце кое едвај продираше низ облаците. Две срца кои непрекинато треперат и еден студено-топол месец. Повторно се најдоа на она место кајшто нивната историја беше испишана низ улиците, а сите нивни воздишки врежани во воздухот. Неколку празни зборови, затскриени зад нивните мисли. Залудно ставање на маските, кои и онака ништо не вредат пред оној најблискиот. И за крај, еден нежен бакнеж во образот кој врескаше „врати се“, а беше исполнет со некаква гордост. Но, и покрај нивната пуста далечина, тие сепак останаа опасно блиски, премногу опасно…

 

Lauren Mars


тагови


Коментари

коментари