Општи карактеристики за Скорпија

Да се биде во близина на некоја Скорпија е навистина интересно искуство. Некои од астролозите, луѓето во знакот на Скорпија ги делат во три групи. Првата група, како отровни, однодно оние кои се опасни. Потоа, втората група, како благородни, љубезни и внимателни. И на крај, оние кои се променливи, зависи во каква ситуација се наоѓаат. Доколку сте родени под овој знак, тогаш дефинитивно поседувате некоја од овие карактеристики. Од друга страна, пак, вие сте голем авантурист и сте повеќе фасцинирани од она што е скриено, отколку од она што е очигледно. Поседувате голема сила, па затоа не се плашите да се соочите со проблеми, а тоа секогаш го правите со крената глава. Луѓето околу вас навистина треба да се потрудат за да ја стекнат вашата доверба. Најчесто, најпрво ќе дознаете сѐ што сакате за животот на некоја личност, па потоа почнувате да зборувате за вашиот. Моќ, позиција и пари е она што отсекогаш најмногу ве интересирало, па затоа сте упорни и успешни во сите полиња.

Добри карактеристики: Лојалност, страственост, храброст, вистински пријател

Лоши карактеристики: Љубомора, насилство, посесивност, нетолеранција

Планета: Марс

Елемент: Вода

Среќни денови: Петок, недела

Среќни броеви: 9, 18, 27, 36, 45

Среќни бои: Црвена, црна

Скапоцени камења: Хелиотроп

Знаци со кои си одговараат: Рак, вага

Знаци со кои не си одговараат: Бик

Сакаат: Вистина, да бидат во право, страст, пријателство

Мразат: Откривање тајни, неискреност

Препознатливи се по: Симетрични очи, развиени мускули

Познати личности во знакот на Скорпија:

Бил Гејтс

Бил Гејтс

 

 

 

 

 

 

Кети Пери

Кети Пери

 

 

 

 

 

 

Ема Стоун

Ема Стоун

 

 

 

 




Коментари

коментари