Категории

Ослободете се од стресот и подигнете ја енергијата

“Работам на себе“, колку пати сте ја слушнале оваа реченица од ваш познаник или пак сте ја изговориле сама?

Да си подарите време сама на себе е една од најдобрите инвестиции кои секогаш се исплатат, а благодетите од трудот се многубројни.

Ако подобро се запознаете себе, ако си поставите приоритети и научите да живеете посмирено, ќе се ослободите барем од дел од стресот кој може да доведе до физички и психички болести, ќе бидете поефикасна на работното место и ќе бидете пријатно друштво на пријателите, семејството и воопшто.

Ако решивте да застанете и да се позанимавате сама со себе се надеваме дека овие совети ќе ви бидат од помош.

1. Медитирајте

Не значи дека морате да вежбате јога и со часови да седите во тишина. Десетина минути се доволни да ве смират.

Ако дишете длабоко со затворени очи, ќе се смирите и полесно ќе ги одредите приоритетите.

2. Размислувајте позитивно

Велат дека полесно е да размислувате негативно отколку позитивно и тоа за жал е вистина.

Затоа борете се и со вежбање на позитивно размислување тоа полека ќе стане дел од вашиот живот.

3. Бидете благодарна

Дури и кога мислите дека нема на што да сте благодарна, обидете се да наброите барем неколку ситници кои ве прават среќна.

4. Помагајте

Несебичното помагање на оние на кои тоа им е потребно ќе ве направи подобра личност. Никогаш не барајте нешто за возврат кога ќе направите услуга.

5. Слушајте ја својата интуиција

Застанете и размислите, пред секоја лоша врска, пред секое враќање на поранешниот или започнување на проблематично пријателство слушнете го оној мал глас кој ви вели дека тоа не е добра идеја.

6. Престанете да се споредувате со другите

Кога ќе успеете во тоа ќе забележите колку ќе ви биде животот поубав.

7. Немојте да бидете толку строги со себе

Никогаш немојте сама себе да се навредувате. Самопонижувањето е нешто што го влечеме од детството, кога родителите или учителите ни велеле дека не сме доволно добри.

8. Немојте да бидете строга ни спрема другите

Немојте да имате грди чувства кон луѓето кои не ги познавате доволно и прифатете ги нивните мани како што тоа би го направиле тоа ако ги сакавте.

9. Поминете повеќе време во природа

Ако не можете да одите на планина барем шетајте се во парк или на кеј и ќе видите дека тоа ќе направи чудо за вашата психа.

10. Простувајте

Простувањето е најтешка задача на која треба да се работи. Фокусирајте се на фактот дека така на сама себе ќе си направите услуга и дека таа личност не е вредна за неа да се нервирате.

Прегледи:
294
Објавено на:
18.07.2016