Осмелете се да сонувате преку најновиот видео запис на Војче Петрушев

„Кога професијата истовремено претставува и љубов, работните обврски се задоволство, а особено кога знаете дека вашата работа предизвикува среќа и многу насмевки. Музиката е уметност која ги сплотува луѓето, буди најразлични емоции, раскажувајќи приказни преку своите звуци“.

 

Токму вака ја опишува својата љубов кон професијата Војче Петрушев, на јавноста познат како член на групата „Маестро“, кој уште во почетокот на средношколските денови започнал да ги открива убавините на хармониката. Иако дипломирал на „Факултетот за музичка уметност“ на инструментот контрабас, сепак за него најголема пасија претставува токму хармониката.

Хармониката е инструмент кој дозволува многу жанрови и се прилагодува во повеќе различни музички насоки, кој иако е комплексен за изучување за Војче претставува предизвик, па така поради спојот на неговиот талент и напорното вежбање, резултатот е успешна музичка кариера и многубројни настапи и свирки.

Тој вели дека ниеден инструмент не е едноставен и секој има своја тежина, но колку повеќе време поминуваш во вежбање, толку тоа изгледа поедноставно и звуците излегуваат со огромна леснотија.

Македонија и Балканот се поврзува со овој инструмент поради големата примена во народната музика, но доказ за тоа дека овој инструмент може да се примени и во други жанрови е новиот музички видео запис на Војче Петрушев наречен „Dreaming of you“ кој воедно е негово комплетно авторско дело.

„Сакав да се обидам на поинаков начин да допрам до срцата на слушателите иако ме препознаваат по македоснаката народна музика, оваа композиција докажува дека хармониката може да го најде своето место и во поинакви видови на музика, како што е примерот со новата композиција каде што може да почувствувате примеси на џез и фанк ритам“. – вели Војче.

Однапред закажаните настапи и свирки како во летниот, така и во зимскиот период се доволно признание за работата, а за во иднина плановите и желбите на Војче се насочени кон реализација на повеќе авторски дела и албум каде што и понатаму ќе биде застапена македонската народна музика, но понекогаш како освежување и композиии од овој тип како што е „Dreaming of you“ кои отскокнуваат од стандардните македонски народни звуци.




Коментари

коментари