Категории

ОСТАНИ СО ОНОЈ КОЈ ГО ВАДИ НАЈДОБРОТО ОД ТЕБЕ

Пригушено светло, чашка коњак со две коцки мраз, јако нескафе, цигари, а во позадина тивка песна која го пара срцето.

Сама и нервозна е вообичаена слика за мене секој пат кога ме оставаш.

Во главата безброј мисли, каде си, дали ме лажеш, дали ќе заминеш како што навистина ми вети, засекогаш.

Знаеш ли дека би дала се на светот само една минута да влезам во твојата глава, да ги прочитам твоите мисли, да влезам во твоето срце, да го скокотнам.

Можеби си слушнал, можеби не за реченицата дека подобро да сакаш и да изгубиш, отколку
никогаш да не сакаш.

Јас се пронајдов во неа, кога те изгубив, откако ненадејно влезе во мојот живот.

На почетокот реченицата не се согласуваше со нашата врска, љубовта не се согласуваше со тоа „губење„ во неа.

Со тебе сфатив дека сите претходно не сум ги сакала вистински, за ниту еден од нив не почувствував пеперутки во стомакот како што почувствував за тебе.

Ниту еден не сум сакала засекогаш да остане во моја прегратка, брзо се заситував од нив, но од тебе останав незаситена и мислам дека никогаш нема да можам да се заситам целосно.

Во твоите раце бев најсигурна.

Цело време се прашував дали си навистина мојата вистинска среќа или мојата идна несреќа, но веќе не си го поставувам тоа прашање.

Ти си мојата среќа, радост, душа, воздух, се.

Можеби ќе се запрашате зошто ми е се, кога ме остава сама.

Во моментите кога е тука до мене ме прави најсреќна, посебна, ме прави подобар човек, го вади најдоброто од мене, ете затоа е моето се, колку и да ме остава, јас повторно ќе му се враќам.

И да постои подобар од него кој би ми носел ружа секое утро и би ми кажвал колку ме сака, јас нема да го сакам, како што го сакам него.

Поради него се променив, не сум веќе онаа истата, во минатото никогаш не размислував на долги стази и за далечна иднина, бидејќи секогаш оставав на времето да ми ја покаже иднината.

Но, откако го запознав, започнав да се гледам себеси во иднина, со него, се прашувам како би било ако остане до мене засекогаш.

Затоа без разлика на се, јас го сакам и ќе го сакам засекогаш на најубавиот начин, бидејќи тој се наоѓа во едно ќоше на моето срце кое ќе остане негово засекогаш.

Без разлика дали ќе замине и ќе ме остави засекогаш, јас ќе го сакам засекогаш.

Ќе останам со него, бидејќи го вади најдоброто од мене, бидејќи ме прави подобар човек, човек каков што немаше да бидам доколку не го сретнев на мојот пат.

Мина Јасмина

Прегледи:
411
Објавено на:
18.06.2016