Остварување на сонот: Книжарница која работи 24 часа и дозволува да читате колку сакате!

Во последните неколку години, благодарејќи на он-лајн купувањето, книжарниците се трудат да бидат што е можно покреативни за да привлечат нови читатели и купувачи. Преку организирање средби, саеми, книжевни клубови, тие се трудат да бидат во тек и да бидат во чекор со времето.

Но, една книжарница во Тајван направи чекор понапред и го подигна нивото на креативност и достапност на уште повисоко ниво.

Книжарницата „Еслит“ е ланец на книжарница која очигледно воопшто не е погодена од он-лајн купувањето, напротив, се чини дека и оди се подобро. Има 48 подружници низ цел Тајван, во Хонг Конг и Кина.

Книжарницата во Тајпеј е првата која што ја воведе својата политика да работи 24 часа. Оттогаш, таа стана едно од најпопуларните места за излегување во Тајван, надминувајќи ги дури и локалните караоке барови, ноќни клубови и слично.

(Книжарницата „Еслит“ во Тајпеј)

Најмногу народ доаѓа од 22:00 до 2:00 часот наутро и таму можете да видите многу луѓе како задлабочено си читаат и си одбираат книги за читање, без да се преправаат дека само ја пролистуваат.

Се прашувате како им успева да имаат профит од сето ова?

Едноставно, освен тоа што функционира како библиотека, тие во рамките на книжарницата имаат и винска визба, продавница за чаеви, кафуле, ресторан, дури и продавница за облека. Истовремено, служи и како уметничко прибежиште, каде што има различни музички и танцувачки изведби, заедно со гледање филмови, па дури и шоу за готвење.

Оваа книжарница станува вистински светски хит, дури и весникот „Гардијан“објави статија во којашто ја наведува книжарницата како една од туристичките атракции кои мораат да се посетат во Тајван.

Ова место се почесто го посетуваат и туристи од други држави и континенти, затоа што има и огромен избор на книги објавени на англиски јазик, па така секој кој го зборува и разбира англискиот јазик исто така може да ужива во ова рајско катче за љубителите на книги.

Зарем не е ова сонот на секој љубител на книги?

Преземано од msoldieroflove




Коментари

коментари