Категории

Откриен е нов вид кој личи на Јода од „Војна на ѕвездите“

Како неофицијален празник на „Војна на ѕвездите“ е познат 4-ти мај.

Додека многумина го користат денот да се облечат како нивните омилени ликови од култниот серијал, групите за заштита го користат овој ден да го објават неодамнешното откритие на нов вид на тарсиер, ноќен цицач. 

 

Пост няшности и умиления #долгопяты #philippines?? #foxtravellerlip #tarsiers

A post shared by Mary (@foxtravellerlip) on

Невообичаено за овие два нови вида, познати како Tarsius supriatnai и Tarsius spectrumgurskyae е што потсетуваат на Јода. Па оттаму, логичен е датумот 4-ти мај, како погоден момент за објава на оваа новост.

Happy Star Wars day May the 4th be with you #starwars #yoda ???

A post shared by Positive Vibes ?☺️? (@louietheskater) on

Инаку, според  студијата овие мали јоди, се откриени на островот Сулавеси во Индонезија.

Тарсеиерите се вид кој веќе им бил познат на научниците, но сега подобро е истражен, а во југоисточна Азија ги имале надимаците „шумски гоблин“ и „гремилин од џунглата“.

Заради нивните остри уши и големи очи, се смета дека биле инспирација за Јода. 

Russ Mittermeier, интернационален заштитник и приматолог, исто така и ко-автор на студијата, вели „Овие два нови вида се 80-от и 81-от вид на цицачи кои се ново истражени и објаснети од науката од 2000 година навака. Ова е само 16% од вкупниот број на цицачи кои се познати за човекот и е показател колку малку знаеме за биодиверзијата.“

Додава дека „Ако толку малку знаеме за биодиверзијата на најблиските видови кои не опкрижуваат, замислете колку малку знаеме и уште колку има да се истражува животот на Земјата.“

 

#bohol #tarsiers

A post shared by candychopper (@candychopper) on

USA Today потенцира дека Индонезија е трета најбогата земја во однос на разновидност на цицачи, а новата студија ни открива дека оваа област е во ризик. Индонезија има највисок степен на уништување на шумите во 2014 година, каде живеат голем број на животни, чиј живот и опстанок е во опасност.

 

Прегледи:
504
Објавено на:
05.05.2017