Категории

Отркиено е ново небесно тело во сончевиот систем

Научниците од американската вселенска агенција за истражување (НАСА) објавија дека откриле ново небесно тело, со дијаметар до 400 метри кое се движи со голема брзина во сончевиот систем.

Во соопштението се наведува дека научниците не се запознаени дали новото небесно тело е комета или метеор.

Небесното тело беше откриено на 19-ти октомври и беше именувано како А / 2017 У1. Се верува дека станува збор за тело кое дошло надвор од сончевиот систем.

Портпаролот на НАСА, Пол Ходас, рече дека ова е откритието кое се чекало со години.

Прегледи:
395
Објавено на:
06.11.2017