Отровни, сурови чувства

„И така, во еден момент останав вџашена и наполно беспомошна. Чувствував како болката струи во секое делче од моето тело со секоја измината секунда. Дури и дишењето беше голем замав за мене. Bчера ми рече ќе ми се јави денес, а веќе денот полека изминува и станува утре. А утре ќе стане и задутре. И сѐ така до недоглед, додека надежта која сега е распламтена и ми татни низ ушите, не стивне. А тој, сѐ уште ќе си остане истиот. Бесрамно нежен. Проклето добар. Хедонистички љубовник. Безобразно заводлив. Но не и мој. Не повеќе.“

  Lauren Mars

 




Коментари

коментари