Отскокнете од околината со рачно изработени парчиња, од вегански материјали со уникатни дизајни – Се отвара „DOGO“ во Скопје

Уникатни дизајни на облека, додека облеката е изработена од вегански материјали и тоа рачно, а тие парчиња веќе ќе можете да ги најдете и во Скопје. Во среда, 30.08.2017 во 19.00 часот, на улицата Максим Горки во Скопје (во близина на Hotel Marriott) ќе се отвори продавница на познатиот светски бренд за облека, „DOGO“.

Компанијата „DOGO“, кој во моментов брои над 5000 оригинални дизајни достапни во повеќе од 150 продавници низ светски метрополи како Берлин, Амстердам и Барселона, конечно ја отвора својата прва продавница во Скопје. Брендот, чие мото е креирање на парчиња кои ќе отскокнуваат од околината, е првиот во светот кој нуди чевли со испринтани оригинални дизајни.

Сите продукти кои „DOGO“ ги нуди се рачно изработени, целосно произведени од вегански материјали и со уникатен дизајн инспириран од различни градови, познати личности, музички текстови, миленичиња и четирите временски сезони. Иако главниот производ на „DOGO“ се чевли, во продавницата ќе може да најдете и широк избор на облека и модни додатоци за мажи, жени и деца.

Филозофијата на „DOGO“ е да им понуди на своите клиенти комбинација на свежи дизајни и разумни цени. Нивните рачно изработени продукти им овозможуваат на оние во потрага по необично и оригинално парче облека да се изразат себеси и својот креативен дух. Меѓу другото, брендот силно се залага и ги поддржува сите оние кои се залагаат за заштита на животните и за еколошки свесно производство.

„DOGO“ ги поканува сите оние кои веруваат во изразувањето на својата личност и силен карактер преку оригинални парчиња облека да им се придружат на коктелот по повод отворањето на продавницата во центарот на Скопје, каде ќе можат да уживаат во друштвото на македонските блогерки, блогери и трендсетери.

 

 

Модели на фотографиите: Сања Ристиќ и Ирина Цоневска




Коментари

коментари