Категории

Отворете ја сметката во банка со помош на “селфи”

Загребската банка претстави сосема нов начин на отворање на сметка и тоа без присуство на банкари. Сметката се отвора со мобилен телефон, а се што треба да имате е паметен телефон и валидна лична карта. Оваа опција е идеална за оние на кои итно им е потребна банкарска сметка, но немаат време да одат до банка. На овој начин, за прв пат се овозможува да се отвори тековната или жиро-сметка во секое време од денот.

Па така, автоматски се активира и мобилно банкарство (м-жаба), давајќи им можност на корисниците полесно да ја следат состојбата и движењата на сметките и плаќањата. Процесот започнува со преземање на апликација “м-жаба”од App Store и Google Play, во зависност од оперативниот систем на мобилниот уред. Потоа со помош на апликацијата ја скенирате личната карта, го правите популарното “селфи” и го бирате видот на сметката. Процесот е завршен во само неколку чекори, и самата постапка гарантира целосна безбедност и усогласеност со сите законски критериуми.

“За да отворите сметка во банка неизбежни се законските процедури кои понекогаш траат предолго, а поради брзото темпо кое го наложува секојдневието, луѓето немаат време да чекаат ред. Преку “жаба” клиентите секогаш добиваат технолошки најиновативни услуги со воведувањето на едноставното отворање на сметка преку мобилен телефон. Станува збор за комплетно ново искуство во работењето на банката, а веруваме дека на нашите помлади клиенти особено ќе им биде практично и забавно отворањето на сметката со правење “селфи” – велат од управата на банката.

Прегледи:
361
Објавено на:
01.08.2017