Категории

Ова е Луби, златниот ретривер кој прегрнува луѓе на своите прошетки низ Њујорк

Кучињата со причина ја имаат добиено титулата „најдобар пријател“ на човекот. Додека повеќето ја покажуваат својата љубов и пријателско расположение со мрдање на опашот и многу лижење, Louboutina или скратено Луби, сака да прегрнува луѓе.

Цезар Фернандез Чавез, човекот кој ја чува Луби раскажува како таа сама започнала да го прави ова, да ги прегрнува луѓето кои ги сретнува.

Златниот ретривер тоа го прави и кога одат на прошетки, а прегрнува комплетно непознати луѓе, што е понекогаш чудно, но и интересно.

„Тоа не е обична прошетка“ вели Фернандез – Чавез да The Dodo. „Тоа се прошетки со прегратки. Обично не успеваме да отидеме многу далеку.“ 

Иако милото куче многу сака прегратки, таа е прибирлива „Некогаш луѓето доаѓаат и сакаат да ја прегрнат, но им велам „Мислам дека тоа нема да се случи“, бидејќи мора прво да се поврзе со човекот“ и додава „Но кога ќе седне до некој им велам „Веројатно ќе добиеш прегратка.“
Луби не само што сака прегратки, таа сака држење раце. „Пред да започне со прегратките започна да стои на две нозе и со шепите ми ги фаќаше дланките, тоа започна да го прави и на прошетките.“ раскажува тој, а се надеваме дека ќе продолжи да дели прегратки и да им го разубавува денот на комплетни странци на улиците на Њујорк.

     

Прегледи:
656
Објавено на:
28.02.2018