Ова е местото каде што пиењето чај претставува ритуална церемонија

Општоприфатен под името „магичен напиток“, не е ни зачудувачки фактот што токму чајот претставува вториот најконсумиран пијалак по водата поради многубројните корисни својства кои ги содржи.

Не стоплува кога температурите се ниски, не лади за време на високите температури. Го ублажува хроничниот умор и состојбите предизвикани од психички стрес, вклучувајќи го и стравот, а најголемата предност на овој напиток е тоа што можете да го најдете во безброј различни вкусови и ароми.

 

Културата на пиење чај се дефинира според обичаите кои луѓето ги создале поврзани со чајот, по естетиката која го опкружува актот на пиење чај, како и сите другите сфери во кои чајот е застапен во одредено општество. Чајот се консумира во многу општества, а многу култури создале свои интригантни церемонии поврзани со пиењето чај.

Кога овој топол напиток би можеле да го искомбинирате со некој десерт или сендвич, а сето тоа во друштво на вашите пријатели, особено за зимскиот период би било идеална комбинација. Комбинација која претставува уметност преточена во ароми и вкусови, а достапна во ресторанот на Хотел Руссиа. Ова не е единственото место кое може да го посетите доколку сакате да се напиете шолја чај, но тука чајот и целиот ритуал на консумирање на овој напиток претставува вистинско церемонијално доживување. На вас останува да дојдете со омиленото друштво, а Хотел Руссиа се грижи да ги почувствувате најспецифичните ароми и комбинации на вкусови, со соодветен десерт или закуска.


Зелениот чај е одличен за почеток на денот, но и во било кое време. Особено Gunpower Temple of Heaven со својата суптилна арома, познат како бисерен чај, заради неговата топчеста форма која ја добива во процесот на сушење во ротирачки садови, што е и показател за неговиот квалитет. Ангелскиот бакнеж претставува лесна мешавина на ананас, јагода и висококвалитетен бел и зелен чај, а резултатот е фантастичен цветен бленд со уникатен изглед и неодолива арома. Чајот наречен Ориентална ноќ со рооибос, цимет и јасмин ќе ве однесат далеку во магичниот ориент! Уживајте во Божиќните празници со божиќниот чај во овој совршено избалансиран овошен чај.

Свеж, со силен вкус и богата арома на зачини, разнобоен и привлечен..не му недостасува ама баш ништо. Вистинско задоволство за студените зимски празнични денови. Доколку сте љубители на белиот чај, во ресторанот на Хотел Руссиа може да изберете помеѓу специјалната верзија на бел ароматизиран чај Yannan Special White со неодолив цветен мирис, во боите на изгрејсонцето и неароматизирниот чај Бели ноќи составен од црвени рибизли, грозје и цветови од црн слез. Секако тука може да уживате во комбинацијата на црн чај со двопек со мед и џем, колач или пак со бисквити и да уживате во традиционалниот англиски појадок.


Покрај неароматизираниот црн чај, овде ќе ги најдете и Earl Grey и чајот Магија на јужното море, ароматизираните црни чаеви кои ја заробуваат магијат на далечните јужни мориња и сончеви предели се со цел да доживете вистинско доживување.

Посетете го ресторанот во Хотел Руссиа со вашето омилено опкружување и дозволете вкусовите и аромите на уникатните чаеви да ве одведат на местата од соништата и да ви овозможат неодоливо искуство кое ќе ве натера овој чин да прерасне во ритуална церемонија за вас и вашите најдраги.




Коментари

коментари