Ова е местото кое нуди забава и уживање за целото семејството

Миговите поминати со најблиските се драгоцени и вредат повеќе од сите подароци и материјални нешта на овој свет. Поради многубројните обврски и брзото темпо на живеење, потребата од место кое ќе претставува причина за семејните собири, надвор од домот, а сепак во атмосфера која е доволно пријатна да се чувствувате како дома, е повеќе од потребна. 

Доколку посакувате место каде што ќе поминувате пријатни мигови со сите членови на вашето семејство, а притоа секој од нив да се чувствува пријатно и убаво, место каде што ќе уживате во врвно приготвена храна, разновидни пијалаци и забава за сите членови на семејството од најмладиот до најстариот, тогаш со задоволство ќе го посетите Astera Lounge Bar & Kids Club.


Ова е местото каде што навистина може да уживате додека го пиете утринското кафе или јадејќи го првиот оброк во денот, а истовремено вашите најмлади членови во семејството да се забавуваат во бесплатната игротека, а притоа да бидете сигурни дека се во безбедни раце гледајќи како го поминуваат времето преку обезбедениот видео надзор.

Освен за почеток на денот, Astera Lounge Bar & Kids Club е идеалното место за сите спонтани семејни собири и прослави, поради својот исклучително пријатен амбиент и ентериер, но најважно од се поради огромниот избор на специјалитети кои освојуваат уште на првиот залак. Во менито на овој ресторан ќе најдете буквално се што ќе посакате во секој период од денот. Почнувајќи од појадокот, преку неодоливи десерти, па се до многубројните специјалитети кои можете да ги вкусите за време на ручекот или вечерата.

Покрај неверојатните услуги за возразните, Astera Lounge Bar & Kids Club, пред се се грижи за среќата и насмевките на најмладите посетители. За таа цел, во игротеката на Астера може да го прославите роденденот на вашето дете без закуп на простор, а нудејќи целосна забава за најмалите, а возрасните можат да креираат сопствено мени, согласно со своите желби и потреби.


Поради сите овие придобивки, не е ни случано што Астера е местото каде што забавата и уживањето е загарантирано за сите членови на семејството. Посетете го овој ресторан и уживајте во благодетите кои ви ги нуди.




Коментари

коментари