Ова е најбараната и највкусна торта која ќе ве освои уште на првиот залак

Комбинацијата на вкусови, глазури, бои и филови го создава слаткото задоволство наречено десерт. Никој не може да одолее на вкусно парче торта, направено од состојки кои предизвикуваат вистинко гастрономско уживање, како совршен додаток на оброкот.

Приготвувањето на десертот одзема време кое не секогаш можеме да си го дозовлиме, па затоа постои место кое изобилува со прекрасни вкусови искомбинирани со соодветниот напиток. Со оглед на ниските температури, потребата за благо искомбинирана со топол чај е она што совршено ќе ве опушти и згрее во студените зимски ноќи.

Во Скопје постои место каде што оваа совршена комбинација добива поинаква димензија, каде што десертот претставува уметност на вкусови, не само по својот изглед, туку и по составот.

Во студените зимски денови, хотел Руссиа е вистинското место за да ја доживеете магијата на далечните јужни мориња – сончевите предели од нашите сништа, патувајќи далеку од бурното секојдневие, на потопли места украсени со живописни бои.

Сето тоа овозможено преку вкусови на манго, егзотичен плод од пасифлора и слатка папаја, ароми кои се составен дел од чајот наречен „Магија на јужното море“, а како совршена комбинација со овој чај имате можност да ја вкусите тортата „Медовик“, бидејќи ништо не е посовршено од комбинацијата на чај и мед.

Оваа торта претставува особено популарен десерт во руската кујна, а во хотел Руссиа автентично пренесена од страна на професионалните готвачи. Во составот на оваа торта преовладува медот, јајцата и путерот, па поради тоа може да се смести во групата на лесни торти, уживајќи во секој залак од неа.

Покрај оваа комбинација на десерт и чај, во хотел Руссиа може да пронајдете најразлични видови на десерти и чаеви, чии вкусови и ароми се достапни во изобилие. Ова е местото каде што пиењето чај претставува вистинско задоволство овозможено преку многубројните ароми, а десертот е токму тоа што го надополнува овој чин да прерасне во ритуал кој ќе посакате често да го практикувате.




Коментари

коментари