Ова е најдоброто место за вашите корпоративни предновогодишни забави

Зимскиот период пред почетокот на новата година е особено карактеристичен како повод за прославување на успехот низ целата година, па за таа цел се организираат корпоративни забави речиси во сите помали и поголеми компании.

Декември е месецот во кој се впишани бројни забави кои ги организираат компаниите за своите вработени и клиенти. Овие забави треба да се гледаат како добра шанса да се зголеми врската меѓу вработениот и компанијата, да се зајакне неговото чувство на припадност, гордоста да се биде дел од тимот и неговата идентификација со корпоративните вредности.

Покрај целокупната организација и замисла, просторот каде што ќе се одржува корпоративната забава е од суштинско значење за постигнување на целта: Прослава на успехот од минатата година и уште поголем мотив за годината која следи.

За таа цел, постои место кое ги задоволува и најразличните вкусови, каде што може да се забавувате, развеселите и да поминете прекрасни мигови со соработниците, пред почетокот на новата година. Скај бар е местото кое изобилува со најдобрите коктели, храна подготвена од извонредни готвачи, како и единствен поглед кој плени на дневната светлина, а во ноќите е особено магично поради панормската глетка во која погледот на осветлениот град дава чувство како да сте на ѕвездено небо.

Она што совршено се вклопува во неповторливата глетка е амбиентот и ентриерот на Скај бар, кој е потполно прилагоден за секаков вид на забави, состаноци и ручеци. Сите овие предности и удобности, го одвојуваат овој локал од останатите, па поради својата уникатност уште при првата посета ќе го засакате ова место и ќе посакате често да навраќате тука.


Доколку сеуште се двоумите каде да ја организирате својата корпоративна забава, професионалната услуга, атмосферата, музиката која веднаш освојува и големиот избор на пијалаци, без разлика дали сте љубители на сортните вина или пак некој коктел, со сигурност ќе се уверите дека токму Скај барот на хотел Руссиа е вистинското место, па затоа не губете време и закажете го вашиот термин за корпоративна предновогодишна забава и изненадете ги своите соработници заблагодарувајќи им се за успехот низ целата година токму онака како што доликува, приредувајќи им вистинска забава.

Скај бар е местото каде што ќе го прославите успехот и среќата од минатата година, но уште поважно ќе добиете и внесете мотив и оптимизам за креативна, успешна и професионално исполнета нова година.




Коментари

коментари