Ова е најдоброто место за забава и релаксација во Крушево

Откако ќе се искачите доволно високо за да стигнете до највисокиот град на Балканот, ќе ве обземе пријатно чувство на воодушевување од прекрасната архитектура, старите крушевски куќи, неверојатната глетка, чистиот воздух и топлината на луѓето. Крушево е убаво преку целата година, но преку зимата го добива волшебниот изглед на вистинска зимска идила.


Токму во центарот на Крушево отсега може да уживате во пријатната атмосфера и топлиот амбиент на новоотворениот  Snow Kitchen & Bar кој се наоѓа на ул. „Илинденска“ бр. 50, на самиот плоштад „Никола Мартиноски“. Уникатен ентериер, вистинско место за уживање во ладните и снежни зимски денови. Без разлика дали сте расположени за пијалак со пријателите или пак романтична вечера, Snow Kitchen & Bar е најдобриот избор за вас.
Капацитетот на ресторанскиот дел располага со 40 седишта, а Барскиот со 30 седишта.

Покрај врвното мени и широкиот избор на храна и пијалаци, во Snow Kitchen & Bar ќе се организираат забави за време на Новогодишните празници како и во текот на престојната зимска сезона.

Доживејте поинакво искуство, уживајте во сите привилегии кои ви ги нуди новото омилено место во Пелагонискиот регион со исклучително модерен дизајн, врвна услуга и загарантирана забава – Snow Kitchen & Bar.




Коментари

коментари