Категории

Ова е најпопуларната маскара на Пинтерест во 2017 година

Наоѓањето на совршена маскара може да биде навистина тешко, но тоа што е најпопуларно на Пинтерест може да ни биде репер за тоа што е добро.

Пинтерест е местото како зависниците од мода и убавина одат да најдат инспирација и тренди производи и комбинации, следствено резултатите од најпребарувани производи би ни покажале што е навистина добро во светот на модата и убавината.

Кога зборуваме за маскара, таа мора да биде лесна за нанесување, да не се згрутчува, да ги издолжува и згуснува трепките, а воедно да трае цел ден.

 

Според последниот извештај на Пинтерест, пребарувањето на тема „трепки“ пораснало за 152% во 2017 година, а која е најпопуларната маскара? Со интересно име кое сигурно привлекува внимание  Better Than Sex  маскарата на брендот Too Faced е ре-пинувана повеќе од 61.000 пати минатата година.

Користена од врвни шминкери ширум светот и омилена на многу личности во светот на модата и селебрити фаци,  Better Than Sex  е со сигурност една од најпродаваните маскари. Четаката е во облик на песочен часовник, а формулата е инфузирана со колаген, што е и во согласност со веганските стандарди, а содржи и екстракт од вид на мимоза, што ги прави трепките густи, долги и во истовреме да не се размачкува.

Прегледи:
539
Објавено на:
16.01.2018