Ова е најпопуларното руменило според Пинтерест

Прекрасно, пигментирано и не премногу скапо – не е ни чудо што ова руменило е тотален хит!


Доколку ви треба помош при одбирањето на соодветното руменило за вас, тогаш сигурно ќе ви се допадне „Rose Power“ руменилото од брендот Милани. Особено се издвои на Пинтерест каде што повеќе од 29 илјади луѓе потврдиле дека го обожаваат.

Веројатно веќе сте налетале на ова прекрасно руменило во златно пакување кое го одликува текстура на ружа. Инаку, текстурата е многу нежна, со пигментирана и светкава формула. Всушност, затоа е и толку популарно, можете да го користите со години пред да се потроши до дното.

Притоа, интересен е фактот што не се работи за било која нијанса од ова руменило, туку конкертно за „Romantic Rose“, розев нијанса која прилега на секоја дама. Но, ако не ви се допаѓа токму оваа нијанса, можете да изберете помеѓу нијанси на корал, праска или слива.




Коментари

коментари