Ова е најубавиот есенски моден додаток на женските чевли

Почетокот на есенската колекција на модните куќи е исполнет со нови трендови кои ќе истакнат некои нови модни фаворити, ќе ги освежат познатите класични модели и секоја модна комбинација ќе ја разиграат со модни додатоци.

Во раскошниот свет на модни додатоци, чевлите од сезона во сезона се истакуваат како еден од омилените. Нивното најелегантно издание и оваа есен носи високи потпетици.

МАШНА: НАЈШАРМАНТНИОТ ЕСЕНСКИ ДОДАТОК НА ЧЕВЛИТЕ СО ПОТПЕТИЦИ

Од класичните салонки со елегантна тенка потпетица, па се до чевлите со стабилна широка потпетица со ретро изглед, чевлите со високи потпетици повторно владеат во колекциите на модните куќи за есента која доаѓа. Најшармантните модели на есенски чевли со висока потпетица се украсени со машнички.

Од познатите модни куќи, па се до најприфатливите улични брендови, оваа сезона никој не одолеа на едноставните машни, а нивните најубави модели ви ги прикажуваме во продолжение.

 

 




Коментари

коментари