Ова е најубавиот подарок за саканата личност на денот кога се слави љубовта и виното

Љубовта е вечна инспирација, причина за најубавите песни, зборови и дела. Кога љубовта владее, разумот ја добива споредната „улога“. Иако таа се слави секој ден, на денот на љубовта и виното вреди да се потрудите да ја изненадите саканата личнот.

На овој ден, традиционално секоја година вљубените вложуваат труд во избирањето на подарокот за да ја покажат својата љубов кон партнерот. Но, ништо не може да воодушеви повеќе од креативен подарок кој создава спомени, интимни моменти кои траат вечно. Доколку сакате денот на вљубените и виното да го направите незаборавен за саканата личност, тогаш се што треба да направите е да го посетите хотел Руссиа.

Во овој голем комплекс, тимот на хотел Руссиа ќе се погрижи да го прославите овој ден опиени од љубов, уживање и совршени моменти. Целодневното уживање започнете го со винска масажа во пар, ослободувајќи го телото и умот од секојдневните обврски и стресови, во тивка релаксирана атмосфера, а додека уживате во вашата винска масажа, можете да уживате и во вкусот на белите и темни македонски вина.

По завршувањето на масажата, препуштете им се на убавините на Hotel Russia Spa & Beauty салонот, каде што освен релаксација и уживање, имате можност да се подготвите за вечерта во фризерско козметичкиот салон каде што може да се уверите во вештите раце на вработените кои ќе се погрижат да заблескате пред романтичната вечера.


Покрај тоа, ќе добиете 50% намаление на козметиката на Анне Семонин информација која особено ќе ги израдува припадничките на понежниот пол. Откако ќе се подготвите за вечерта, во ресторанот на хотел Руссиа, во пријатен и романтичен амбиент ќе доживете вистинско гастрономско уживање преку вкусовите на специјалитетите на врвните мајстори во комбинација со соодветното вино од Тиквеш. Комбинациите од специјално одбрани вина и вкусни специјалитети на денот на виното и љубовта се со -10 % намалување.

По романтичната вечера, забавата може да продолжи во Скај барот каде што ќе уживате во прекрасниот панорамски поглед на градот кој го нуди ова место.

Хотел Руссиа со својата мултифункционалност и практичност, ви овозможува да доживеете безброј прекрасни моменти на едно место на потполно различен начин. За заокружување на овој исполнет ден, хотел Руссиа нуди специјална понуда која ги вклучува собите со Француски лежај, Јуниор апартманите и Де Лукс апартманот со попуст од 10% за оваа ноќ.

Ширете љубов, споделувајте среќа и создадете моменти кои не може да ги замени ниту еден подарок на светот. Спомените се она што трае вечно, затоа потрудете се да бидат вредни за паметење.




Коментари

коментари