Ова е новата девојка на Леонардо Ди Каприо, чија мајка е 5 години помлада од него

Актерот е во врска со Камила Морон (20), а нејзината мајка која има 38 години исто така е во врска со значително постар актер, Ал Пачино (77).

Најголемиот заводник, Леонардо Ди Каприо е повторно заљубен. Новата избраничка на 43 – годишниот актер е аргентинската манекенка Камила Морон која има 20 години. Не е новост дека глумецот обожава манекенки, не е новост ни дека се секогаш помлади од него, но невообичаено е тоа што во овој случај мајката на неговата девојка е пет години помлада од него.

Мајката Лусила Сола како и својата ќерка сака постари момци. Имено, 38-годишнала Лусила е во врска со 77 – годишниот Ал Пачино.




Коментари

коментари