Ова е новиот специјален гостин на вечерашниот SKOPJE CALLING 2017

Замена за Jax Jones кој го откажа својот настап е младата ѕвезда во подем, JUSTIN MYLO, кој вечерва за прв пат ќе настапи во рамките на фестивалот SKOPJE CALLING 2017, како специјален гостин на MARTIN GARRIX, на стадионот на АРМ.

JUSTIN MYLO е  редовен гостин на настапите на MARTIN GARRIX на сите поголеми фестивалски сцени, како и на клубските забави на Ибица. Нивната соработка започнува со мегахитот „Bouncy Bob“, која за брзо време достигнува милиониски прегледи на YouTube каналот, и оттогаш неговата кариера расте во нагорен правец.

Македонската публика, како и публиката од целиот регион која што е најавена дека ќе присуствува на вечерашниот фестивал SKOPJE CALLING 2017, ќе го види настапот на JUSTIN MYLO пред шоуто на MARTIN GARRIX.

 




Коментари

коментари