Ова е првиот ноќен клуб “на универзумот”: Луѓето ќе танцуваат без гравитација

Група од 20 љубители на забавата ќе имаат чест да го посетат првиот “ноќен клуб” во светот каде што нема гравитација.

Всушност станува збор за модифицираниот авион на Ербас А310 кој ќе полета од Франкфурт следниот месец и ќе им овозможи на посетителите уникатно искуство. Кандидатите кои ќе присуствуваат на забавата во авионот се избрани преку натпреварување социјалните мрежи и доаѓаат од различни земји. Тие ќе бидат забавувани од познати диџеи Армин ван Бурен и Стив Аоки.

За да се чувствуваат како во универзумот, авионот ќе лета параболично што овозможува постигнување на бестежинска состојба. Забавата ќе трае 90 минути, а посетителите ќе поминат 25 минути во бестежинска состојба.




Коментари

коментари