Ова ќе биде најромантичниот миг на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл

Подготовките за свадбата на 19 мај на принцот Хари и Меган Маркл се во тек.

Свадбата ќе започне во 12 часот на пладне по британско време. Исто така, веќе е утврдено кој ќе ја води нивната црковна церемонија.

Еден од најромантичните моменти на нивната свадба ќе биде возењето со кочија по улиците на Виндзор до капелата St. George, каде ќе ги разменат заветите. Луѓето ќе имаат можност да уживаат во големиот ден заедно со нив.

Поканите сè уште не се испратени, но се предвидува дека ќе има околу 800 гости.

 




Коментари

коментари