Категории

Ова ќе е вашата омилена летна авантура

Нема полојален пријател од книгата, рекол Ернест Хемингвеј, и не погрешил. Затоа ова лето книгата нека биде вашиот најдобар пријател.

Култура ве покануваат ова лето на заедничка дружба, за која знаеме дека ќе биде вашата омилена летна авантура. За летните денови да ви бидат збогатени со книга се погрижи Култура, со многу нови изданија, попусти и наградни игри. Летна авантура со Култура започна, а на вас останува да заполовите во светот на книгите заедно со нас.

 

Без разлика дали ќе патувате или не, дали ќе бидете на планина, плажа или едноставено додека пиете кафе на вашата тераса, уживајте во романтичните приказни на Ема Чејс, Џоџо Мојес, Тарин Фишер или пак возбудливите трилери како „Скриени богатства“ на Нора Робертс, Вдовицата“ на Фиона Бартон и неизбежните дела на Ден Браун и Стив Бери.

 

Летната авантура со Култура не може да ви помине и без приказните како Ќерка на правта на Венди Волас, Пристаништето нова надеж на Холи Робинсон и Ништо не трае вечно на Морин Ли и еден од најбараните, психолошкиот роман „Ако ја познаваше сестра ми“ на Мишел Адамс.

 

Летната авантура со Култура патува низ Македонија и со гостување во многу градови им овозможува на сите да купат книга по саемски цени, затоа следете ја Култура и дознајте ги сите новости и изненадувања ова лето, а верувајте ќе ги има многу.

Ова лето Култура има многу нови изданија, совршени и интригантни приказни идеални за одмор и уживање, како најновото издание на Џоџо Мојес „Еден плус еден“ кој е еден од нејзините најдобри романи, со кој ќе се смееш, ќе плачеш, одвај ќе ја дочекаш последната страница, а кога ќе го завршиш ќе посакаш повторно да го прочиташ.

 

Утрото е секогаш добро со Џоџо Мојес… ?☕? “Еден од нејзините најдобри романи, тој е феноменален. Ќе се смееш, ќе плачеш, одвај ќе ја дочекаш последната страница.Кога ќе го завршиш ќе посакаш повторно да го прочиташ.” ➡ http://kultura.com.mk/proizvod/eden-plus-eden/ #восветотнакнигите ?☕ #goodmorning #coffee #reading #култура #книги #инстаграмџии #инстаграмџики #coffeetime #фотонанеделата #фотонаденот #фото #vscobalkan #vscomacedonia #vscoskopje #vsco #book #bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

Не смеете да ја проуштите и приказната која има скршено илјадници срца…Писмото на Кетрин Хјуџис за Тина Крег која  копнее да побегне од својот насилен сопруг, работи и повеќе од потребното, за да заштеди доволно пари и да го остави. Пресвртот се случува кога волонтирајќи во една добротворна продавница за стара облека, во џебот од едно палто наоѓа старо, запечатено и неиспратено писмо. Почнува да го чита и од тој момент нејзиниот живот засекогаш ќе го смени текот.

Култура има и многу награди за своите верни читатели, преку својата фејсбук страна ќе доделува книги, па затоа не чекајте, создај ја твојата Летна авантура со Култура!