Ова лето ќе се одржи Калабалак – електронски музички фестивал во Радовиш

Во Радовиш на 29-ти јули ќе се одржи третото издание на Калабалак фестивал, организирано од страна на Experience – со многу поголема продукција за загарантирано доживување на фестивалот.

Организаторите го најавуваат RAVITEZ како главна ѕвезда на вечерта, диџеј и продуцент кој веќе има настапувано на сите најголеми музички фестивали ширум светот како Ultra Music Festival (Miami), Tomorrowland (Belgium), EDC (Las Vegas) и многу други. Познат е по неговите упесшни соработки со холандската диџејска сензација Афроџек каде што заедно котираат високо на топ листите за електронска музика ширум светот.

 

За комплетно музичко шоу ќе се погрижат најдобрите диџеи од Македонија меѓу кои и Галоски чија музика може да ја сретнеме низ плејлистите на David Guetta, Hardwell, Avicii, Dimitri Vegas & Like Mike и многу други.


Честа  за отворањето на ноќта ќе ја има диџеј Лефанк кој е дел од DJ’s Corner тимот на Антенна5 , а фестивалот ќе го затвори Никифор со својот претпознатлив доцно часовен сет.

Калабалак е електронски музички фестивал кој се оддржува на Стрелиштето во Радовиш, Македонија. Својата прва едиција ја доживува во 2015та со огромен интерест и оставен впечаток кај љубителите на електронската музика, како и сите кои биле дел од музичкото доживување.

Влезниците можат да се купат на www.kupikartizase.mk или на самиот влез.




Коментари

коментари