Oва се двете најголеми иновации кај паметните телефони за 2018 година

Оваа година ќе се имплементираат две големи иновации кога станува збор за паметните телефони. Од година во година паметните телефони стануваат се подобри и подобри. 

Оваа година можеме да очекуваме неколку иновации, од кои, две иновации посебно се истакнуваат од сите.

Една од двете најголеми иновации е имплементирањето на сензорот за отпечатоци на прсти во самиот екран. Се шпекулира дека компаниите Vivo и OnePlus ќе бидат првите кои ќе го имплементираат овој сензор кај своите телефони, а тоа исто така се очекува и од Samsung.

Втора најголема иновација претставуваат флексибилните екрани. Една од првите компании која што би можела кон крајот на идната година да го претстави првиот телефон со флексибилен екран е Samsung.




Коментари

коментари