Oва се единствените жени кои не носеа црно на Златни Глобуси 2018

На 75 Златни Глобуси, речиси сите актерки се појавиjа во црни фустани, во знак на протест против сексуалното злоставување во филмската индустрија од страна на Харви Вајнштајн.

И покрај виралноста на кампањата, само 3 жени не се појавија во црно. Станува збор за Барбара Мајер, Бланка Бланко и Мехер Татна.

Барбара Мајер се појави на Златните Глобуси во раскошен фустан во комбинација на сиви, сини, бели и розови нијанси, надополнети со светки. 36 годишната Бланка Бланко се појави во црвен долг фустан, со разголени делови кај деколтето и високи шлиц. Претседателката на „Hollywood Foreign Press Association“, Мехер Татна, иако облечена во црвено, на својата облека ја закачи значката за солидарност. Според неа, во духот на индиската традиција е носење црвена облека за време на прослави.

 




Коментари

коментари