Ова се малите трикови на големите заводнички кои секогаш палат

За многу девојки заведувањето знае да биде навистина тешко. Некои од нив се срамежливи и се плашат да го направат привот чекор.

Сепак, големите заводнички можат да не научат како да станеме кралици на флертот. Со помош на нивните трикови, нема шанси мажот на кој сме фрлиле око да не обрне внимание на нас.

Дозволете си да бидете “фатени” како го гледате.

Откако ќе соберете храброст да му пријдете, не заборавајте да бидете заиграни.

Покрај зборовите, комуницирајте со погледи.

Задолжително распрашувајте за него за да му дадете до знаење колку сте заинтересирани.

Играјте со праменот на косата.

Кога атмосферата и разговорот доволно ќе се загреат, поздравете се, одете и оставете го со нетрпение да го исчекува следниот состанок.

Не бидете нападни, туку имајте трпение за игра на мачка и глуец; ако е заинтересиран, ќе се исплати.

Бидете природни и не се преправајте дека сте нешто што не сте.

Покажете интерес за работи кои го интересираат.

Ако се појави можност, танцувајте и препуштете им се на своите чувства.




Коментари

коментари