Ова се најлошите лозинки за изминатата година. Дали е и вашата меѓу нив?

Втора година по ред, најлоша лозинка е 123456, а на второ место се наоѓа „password“. Нова на листата е „Star Wars“, а често се користат и лични имиња и марки на автомобили.

По двата големи сајбер напади оваа година, „WannaCry“ и „BadRabbit“, многубројни стручњаци ги предупредуваат луѓето на преслабите лозинки кои ги користат на социјалните мрежи. Без обзир на тоа, бројни корисници и понатаму им остануваат верни на слабите лозинки.

Хакерите користат карактеристични за поп културата и спортот кога се обидуваат да влезат во нечиј компјутер или сметка, бидејќи знаат дека луѓето најчесто користат зборови кои лесно се запомнуваат. Стручњаците предупредуваат дека додавањето на знакови и броеви, исто така не можат доволно да ја подобрат лозинката доколку е лесна за погодување.

Истражувањето покажало декамажите 2, 8 пати почесто користат очигледни фрази од жените, така што речиси четвртина од луѓето користат иста лозинка.

Затоа, стручњаците велат да се користат јаки лозинки и различни за секоја друштвена мрежа, да не се користат зборови кои содржат нешто од приватниот живот или кои можат лесно да се погодат. Исто така, на својот компјутер задолжително инсталирајте анти – вирус софтвер и користете го редовно.




Коментари

коментари