Ова се најпопуларните маникири за оваа сезона

Предновогодишната атмосфера се повеќе се чувствува во секој град и во сечиј дом. За повеќето луѓе ова е најубавиот период од годината поради целокупната магија која ја создава зимата и се она што го носи со себе.

Блескави елки, украси карактеристични за новогодишните празници, сијалички во сите бои. Освен декорациите на куќите и објектите, се повеќе се шири трендот на украсување и на облеката, модните додатоци, но најинтересни се совршените маникири за нокти, инспирирани од предновогодишната еуфорија.


Секоја жена која се грижи за својот изглед не смее да си дозволи неуредни нокти но, освен уредниот изглед на ноктите, ова е период од годината кога може да експериментирате со нивниот изглед на најразлични креативни начини. Снегулки, сијалички, елки и светкави гелови се само дел од најпосакуваните илустрации на ноктите на жените.

Отсега ова е тренд кој можете да си го дозволите и кај нас во Корани ИС, фризерско – козметичкиот салон кој се наоѓа во хотел Руссиа. Во Корани ИС ќе добиете комплетна нега на вашите раце и нокти со многубројните третмани и техники, а притоа користејќи најквалитетни гелови за нокти, како и козметика за нега на рацете и кожата. Во овој салон, грижата за здравјето и убавината на жената е приоритет, секој ден во неделата, без исклучоци.

Без разлика дали посакувате нокти со новогодишен мотив и боја, или пак сте љубители на класичниот изглед, тука ќе го добиете токму тоа што сте си го замислиле. Доколку не можете да се одлучите за изгледот на вашите нокти, или пак сакате да се обидете со нешто поразлично, ви ги предложуваме овие трендовски маникири кои со сигурност ќе ве освојат.


Посетете го салонот Корани ИС во хотел Руссиа и овозможете им ја потребната нега на вашите нокти.




Коментари

коментари