Ова се придобивките кои влијаат на здравјето од користење на спа центри

Иако сè повеќе луѓето ги користат услугите на спа центрите, убаво е да се напомене дека освен тоа што се пријатни, го ублажуваат стресот, на тој начин што се чувствуваме освежени и чисти. Сепак, постојат многу причини зошто да користите спа бањи и некои од нив всушност влијаат на вашето здравје.

Кај нас, во хотелот Руссиа, се наоѓа најубавиот спа центар “ANNE Semonin”, кој располага со привилегиран простор посветен на убавината и благосостојбата, каде што може да уживате, да се релаксирате и најважно да го одржувате своето здравје на правилен начинсо многубројните третмани и масажи, создадени за клиенти кои бараат задоволување на својот висок стандард за услуга.

Го подобрува вашето кардиоваскуларно здравје

Потопувајќи се во водата до вратот, му овозможувате на телото кардио вежби. Тоа е така затоа што водата создава поголем притисок врз вашето тело, што го зголемува биењето на срцето. Со други зборови, кога сте во спа бањата, вашето срце работи посилно што помага да останете здрави.

Го подобрува сонот

Топлата вода овозможува релаксација на телото, а тоа помага полесно да заспиете. Кога вашето тело ќе ја почувствува топлата вода, срцето ја покачува вашата телесна температура и ги опушта мускулите. Ова ве прави релаксирани и одморени, па поради тоа и полесно заспивате.

Помага при повреди и болки

Како што напоменавме, топлата вода во суштина помага при релаксација на телото. Меѓу другото, ослободува од болка и помага во лечењето на спортски повреди, како истегнување на мускул, па дури и артритис. Доколку имате болка, а не се работи за скршеница, престојот во топла вода во спа центар со сигурност ќе ви помогне.

Може да го намали притисокот

Истражувањата покажуваат дека спа бањата може да го намали покачениот крвен притисок. Ова е одлично за сите оние кои се загрозени од срцеви болести. Секако освен консултацијата со доктор, докажано е дека топлата вода во спа бањите ја зголемува работата на срцето, а го намалува крвниот притисок што секако помага во одржувањето на здравјето на срцето.


Може да помогне со дијабетесот и во губењето на тежината

Одредена истражувачка група покажала дека кај луѓето кои страдаат од дијабетес, а редовно ги посетуваат спа центрите, може да дојде до намалување на нивото на шеќер во крвта, како и нивото на глукоза. Исто така, доколку поминете по 30 минути во спа, неколку пати во неделата, ќе изгубите значителен број на килограми на подолг рок. Ова е одлична замена за гладувањето и различните диета, а воедно е уживање и задоволство.




Коментари

коментари