Категории

Oва се тајните за британската кралска кујна

За сите оние кои се прашуваат за тајните на кралската кујна, овојпат, куварите кои некогаш работеле таму, ги открија тајните.

Кралицата Елизабета преферира едноставна храна, без многу зачини и додатоци. Нејзиното вообичаено мени се состои од следново: за појадок јаде снегулки, овошје и јајца, нејзиниот ручек се состои од риба и зеленчук или пилешко со салата, а за вечера јаде месо со сос од печурки. Според неа, да се „вдишува“ лукот од луѓето со кои се сретнува е многу непристојно, па овој производ е забранет во кралската кујна. Но, затоа таа е љубител на чоколадо, посебно темно, со какао повеќе од 60%.

Исхраната на Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ се состои од зеленчук, овошје, цели зрна и полно месо. Таа одвреме навреме се потпира на некои диети, но знае и да си дозволи по некое задоволство. Омилено јадење и е пилешко со кари, што со задоволство го готви и сама.

Во обични денови, во кралската кујна работат 8-10 готвачи истовремено, додека сите готвачи се ангажирани за време на големите банкети, кои се одржуваат 2-3 пати годишно.

 

Прегледи:
385
Објавено на:
20.01.2018