Оваа книга ќе мора да ја прочитате за 24 часа, пред да се самоуништи!

Ако мислевте дека блокбастер филмовите се единствена форма на забава, тогаш грешите: забава и возбуда постои и во пишаниот збор.

 

kniga
Новиот трилер на Џејмс Патерсон, „Private Vegas“ не само што ќе биде достапен во 1.000 бесплатни дигитални копии кои ќе се избришат после 24 часа, туку ќе има и уникатен вид на вистинска копија која ќе биде наместена да се самоуништи после само 24 часа.

Тоа значи дека бавните читатели и оние на кои лесно им се одвлекува вниманието, ќе мораат да почекаат до целосната, трајна копија од книгата која ќе биде достапна на 26 јануари. Но, оние кои бараат возбуда ќе имаат шанса да добијат една од бесплатните самоуништувачки копии неколку денови пред тоа.
Исто така, еден среќен фан на Петерсон ќе има шанса да купи една вистинска копија на самоуништувачка книга, заедно со дигитален часовник кој ги одбројува часовите за 294.038 долари. Книгата доаѓа потпишана, но тоа не значи ништо со оглед на тоа што ќе биде уништена, и патување и приватна вечера со авторот.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=g5L32xmK9bc[/tube]




Коментари

коментари